Милан ја совлада Болоња со 2-1 и остана во трка за место во Лигата на шампионите. На три кола до крајот, „росонерите“ имаат три бода помалку од четвртата Аталанта, а четири помалку од третиот Интер, но и само два повеќе од седмиот Торино. Стрелци на головите за домашните беа Сусо и Борини, намали Дестро.
Шпанецот Сусо немаше дадено гол повеќе од 1.000 минути, не реализираше на последните 12 средби, од јануарскиот меч со Џенова, и конечно стави крај на црната серија.
Ова е голот на Сусо:
https://twitter.com/i/status/1125478490646691841
Милан даде два гола на еден меч за првпат од дербито со Интер во март наваму. При 2-1, Пакета беше исклучен откако по добиениот жолт картон го плесна судијата по раката со која му даде жолт картон.
Сепак, најголемо внимание предизвика конфронтацијата помеѓу тренерот Џенаро Гатузо и Бакајоко. Французинот кој е дојден во Милан како позајмен од Челзи одби да се загрева и да влезе во игра во првото полувреме на местото на повредениот Билја и со навредливи зборови му се обрати на тренерот. Гатузо му возврати дека ќе се видат по натпреварот.
https://twitter.com/i/status/1125480011299991558