Несекојдневен инцидент: Легендата на Реал остана без клуб сред сезона! (Видео)

Легендарниот дефанзивец на Реал Мадрид и еден од најдобрите во историјата на бековската позиција, Марсело, сред сезона остана без клуб, откако беше дел од несекојдневен „инцидент“. Бразилецот е член на Флуминенсе, клубот од кој потекнува и за кој навива од дете, но откако тренерот се обиде да го внесе во игра во финишот од мечот, Марсело одби да ги слуша неговите инструкции, па замената беше откажана, а фудбалерот беше вратен на клупата за резерви.

https://twitter.com/thesackrace/status/1852704521564336207?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1852704521564336207%7Ctwgr%5E6e893df3eeabc6fa8f925b67e445d4f786ef0c41%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fnogomet%2Fteski-dani-za-legendu-reala-voljeni-klub-otjerao-marcela-nakon-nevidjenog-incidenta%2F241103072

Веднаш после натпреварот од Флуминенсе објавија дека договорот со Марсело е раскинат поради недисциплина, па сега останува прашање дали бразилецот ќе ја заврши кариерата или ќе бара нова фудбалска средина.

 

- Оглас -

Најнови вести