Несекојдневна порака од Украина: „Добре дојдовте дома – БББ“ (Фото)

Навивачите на двата клуба кои носат исто име, Динамо, од Киев и од Загреб, се во одлични односи и постојано се поддржуваат. Сепак, сега пристигнува фотографија која никогаш претходно не е видена во светот на спортот. Навивачите на киевскиот Динамо на минофрлачки гранати напишаа „Добре дојдовте дома – БББ – Динамо Киев, Динамо Загреб“, со што го поздравија враќањето на хрватските навивачи од грчките затвори во Загреб.

Фановите на Динамо Киев излегоа со поддршка за членовите на БББ веднаш по инцидентите во Атина, пред дуелот помеѓу Динамо Загреб и АЕК.

- Оглас -

Најнови вести