Во несекојдневна ситуација се најдоа двата мадридски клуб, Реал и Атлетико, кои во следните 25 дена ќе одиграат дури три меѓусебни натпревари во три различни натпреварувања и на три различни стадиони.
Серијата мечеви за започнуваат веќе утре во полуфиналето на шпанскиот Супер куп во Ријад. Следната среда на „Ванда Метрополитано“ ќе играат и во осминафиналето на Купот на кралот, а на четврти февруари на „Сатијаго Бернабе“ ќе се сретнат и во меч од Ла Лига.
Тоа значи дека градските ривали оваа сезона ќе одиграат најмалку четири меѓусебни натпревари, а постои можност и да се сретнат во Лигата на шампионите.