Изминатиов викенд се одиграа многу мечеви низ цела Европа, а еден меч во Холандија посебно ќе го памти младиот играч за врска на Камбур, Мес Ходемакерс. На дуелот од холандското првенство против Утрехт, во 30-тата минута се случи необичен инцидент.
Главниот судија на мечот ненамерно со рака го удри фудбалерот, и тоа директно во окото. Ходемакерс падна на тревата и се пожали дека воопшто не може да гледа и дека има главоболки, па мораше да биде заменет пред крајот на првото полувреме.
https://twitter.com/i/status/1490062231479980033