Енергетик БГУ ја разби Славија Мозир со 5-0 во дуел од белорускиот фудбалски шампионат, а куриозитет е што домашниот тим кој уште од 26-тата минута беше со играч помалку, даде дури четири гола кога имаше бројчана инфериорност на теренот. Црногорецот Бакиќ доби црвен картон при водство од 1-0, но и без него, и со девет играчи плус голманот, тимот беше доминантен.
Победата барем привремено го искачи Енергетик на третото место. Пред нив се само БАТЕ Борусов и Солигорск.