8.8 C
Skopje
среда, 7 јануари 2026

Несекојдневно: Клуб од Африка и клуб од Андора играа меч од првенството на Шпанија!

Синоќа во втората Ла Лига се одигра необичен меч, кој ќе остане запишан во историјата на шпанскиот фудбал. Во меч од 20-тото првенството коло играа екипите на Сеута и Андора, а победата им припадна на домашните со 2-1.

Но, до тука нема ништо невообичаено. Сепак, Сеута е град кој се наоѓа на северот од Африка и граничи само со Мароко, но е дел од шпанската држава и игра во шпанскиот лига-систем. Андора иако е клуб од друга земја, сепак е дел од шпанскиот фудбал, па така две екипи кои и не се територијално од Шпанија, одиграа меч во шпанското првенство, што се случи за првпат во историјата.

Сеута со победата се искачи на шесттата позиција, па ако продолжи со одличните игри, може да конкурира дури и за влез во шпанската елита, додека Андора е на 14-тата позиција во лигата која брои 22 екипи со само два бода предност пред опасната зона.

- Оглас -

Најнови вести