Несериозен однос – Стомачето на Азар ги разлути и Кралевите и Белгијците (Фото)

Еден Азар има проблеми со вишок на килограми, а несериозниот однос на белгискиот репрезентативец ги налути и Кралевите од Мадрид, односно неговиот клуб Реал, но и фудбалските луѓе во неговата родна земја.

Зинедин Зидан, според шпанските медиуми, му забележал на Азар дека е неподготвен и дека има вишок килограми. Таков беше случајот и на почетокот на ланските летни подготовки за новата сезона, што е повторување на истата грешка на засилувањето на Реал, платено за огромни 120 милиони евра при пристигнувањето од Челзи.

Азар беше отсутен од тренинзите на Реал Мадрид поради обврски со репрезентацијата на Белгија, но и селекторот на Црвените ѓаволи, Роберто Мартинес, не е задоволен од односот на еден од најдобрите играчи.

Иако досега постојано го бранеше Азар, овојпат ниту Мартинес не попушти и не му даде шанса да игра на дуелите со Данска и со Исланд на стартот од новото издание на Лигата на нациите.

Еден остана на клупата за резерви на двата меча, а причината е вишкот на килограми и слабата физичка подготвеност на асот на Белгија и на Реал Мадрид.

Азар и често кубури со повреди, па Реал Мадрид не доби речиси ништо од најскапото засилување во последните неколку години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести