Нешто чудно се случува на „Олимпико“ во Рим

Осум гола и неверојатно погодени 10 стативи или пречки е билансот на последните два натпревари кои Рома ги играше на „Олимпико“ во Рим. Во градското дерби против Лацио, Рома одигра 1-1, а денеска го порази Сасуоло со 4-2.

Сепак, иако ефикасноста е завидна, можеа да паднат и многу повеќе голови на овие два меча ако не се испречеа пречки од техничка природа, а тоа се рамките на головите. Фудбалерите немаа среќа и дури 10 пати погодуваа греда или дирек.

На градското дерби, Лацијалите дури четири пати погодија пречка или статива, а Рома на двата меча има вкупно пет шута кои одеа во рамките, а не ги одбрани голманот, ниту топката влезе во гол. И играчите на Сасуоло еднаш ја затресоа рамката на голот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести