0.8 C
Skopje
сабота, 20 декември 2025

Нешто чудно се случува со Челзи

Њукасл и Челзи одиграа многу интересен премиерлигашки меч на „Сент Џејмс парк“ кој заврши 2-2, а и двата тима можеа да победат.

Чавките водеа 2-0 веќе по 20 минути игра со два гола на Ник Волтемаде, Челзи делуваше немоќно, но на стартот на вториот дел како да се појави друг Челзи и со прекрасниот гол на Риси Џејмс од слободен удар и со погодокот на Жоао Педро по асистенција на голманот Роберт Санчес, во 66-та минута, се дојде до изедначување.

При 2-1 имаше спорна ситуација кога во Њукасл бараа пенал, но судиите, главниот на терен и тие во ВАР не мислеа така. Во финишот двата тима се обидуваа да дојдат до три бода, но безуспешно.

Пред мечот менаџерот Енцо Мареска за кого се шпекулира дека може да го наследи Гвардиола на клупата на Сити, рече дека тоа биле најтешките 48 часа во Челзи и дека не чувствувале поддршка, но не кажа од кого. Тимот делуваше лошо во првиот дел, но на пауза се „ресетираа“ и покажаа друго лице, какво што доликува на тим кој е светски клупски првак.

- Оглас -

Најнови вести