Екипата на Тетекс забележа победа од 4-2 над Каменица Саса во пријателски натпревар одигран попладнево. Она што остава впечаток на овој натпревар се прекрасните голови постигнати од слободен удар, и тоа не еден, туку три и сите дело на фудбалерите на тетовскиот второлигаш.
Меритон Салији во првиот дел го отвори резултатот, а во втортиот дел од слободен удар погодија и Михајло Јакимоски и Агон Елмази. Четвртиот погодок за Тетекс беше дело на Марко Софијаноски.
Фудбалските второлигаши веќе се во завршна фаза од подготовките за новата сезона која е планирано да започна на 12-ти август, а денешната победа на Тетекс е знак дека избраниците на тренерот Даниел Радески, полека но сигурно влегуваат во посакуваната форма.