Двојниот европски првак Порто испадна во стартниот двомеч од нокаут-фазата во Лигата на Европа, и тоа убедливо со два порази од Баер Леверкузен, но вреди да се погледне акцијата и дриблинзите на вештиот Мексиканец Жезус Мануел Корона во 72-рата минута од реваншот, што се одигра вечерва.
Иако веќе сè беше јасно и се знаеше дека Порто ќе испадне, Корона имаше два блескави дриблинзи и им ја протна топката низ нозе на Синкгравен и на Тапсоба.
Порто вечерва загуби со 1:3, беше послаб и на првиот меч во Леверкузен што Баер го доби со 2:1, па со вкупни 5:2 Германците се пласираа во осминафиналето.