Често се случува на фудбалските терени да влета куче или мачка, но натпревар во Португалија беше прекинат бидејќи на теренот слета шарена птица, односно голем папагал. Натпреварот од португалската лига за играчи до 23 години помеѓу Есторил и Естрела беше прекинат токму поради слетувањето на птицата на теренот.
Фудбалерите, но и официјалните лица не знаеја како да постапат во ситуацијава. Се обидоа со раце да ја изнесат птицата, но неуспешно. На крајот птицата сама одлета, а натпреварот продолжи.
https://twitter.com/Canal_11Oficial/status/1643359601537044480?s=20