Напаѓачот на Лион, Карл Токо Екамби со два гола во второто полувреме му донесе на Камерун пласман во полуфиналето на Африканскиот куп на Нации.
Популарните Нескротливи Лавови ја победија Гамбија со 2:0 и ќе играат во завршницата на турнирот на кој се домаќини.
Екамби погоди одлично со удар со глава во 50. минута и го разби бункерот на Гамбија, селекција која за првпат играше четвртфинале на АФКОН.
Напаѓачот на Камерун само 7 минути подоцна имаше многу плесна задача и осамен од близина ја закова топката во мрежата на Гамбија.
Камерун е првиот полуфиналист на Купот на Нации, а ќе игра со победникот од дербито меѓу Мароко и Египет.
Интересно е дека домаќините во нокаут фазата елиминираа две селекции кои забележаа историски резултати на АФКОН.
Прво ги победија Комори со 2:1 во осминафиналето, а ривалот за првпат на Африканскиот куп на Нации играше во нокаут фаза.
Сега ја исфрлија од игра и Гамбија, селекција која за првпат играше четвртфинале на турнир за првак на Африка.