Неславен старт: Прв пат брани за Арсенал и прими гол за 74 секунди (Видео)

Мет Рајан денеска доби шанса да дебитира на голот на Арсенал, но за негова жал, лошо му тргна. На гостувањето кај Астон вила, Арсенал прими гол по само 74 секунди од почетокот на мечот. Дефанзивните играчи на Топчиите киксираа, топката дојде до Траоре, кој асистираше до Воткинс, а овој со многу среќа, успеа да ја затресе мрежата на гостите.

Низ историјата на Премиер лигата, Рајан е само само четврти голман кој во дебитантски настап морал да ја вади топката од својата мрежа по првите две минути игра.

Инаку Рајан е првиот Австралијанец кој брани за Арсенал по пауза од 42 години. Последен пат тоа бил Џон Космина на меч од УЕФА Купот против Црвена ѕвезда во декември 1978 година.

 

- Оглас -

Најнови вести