Неспортски гестови на Белингам и Гави кои не се видоа во преносот (Видео)

Не престануваат реакциите по натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид од финалето на шпанскиот Куп на кралот, напротив, постојано излегуваат нови моменти кои покажуваат каков хаос беше на терен по завршувањето на мечот кој Каталонците го добија по продолженија со 3-2.

Во шпанските медиуми излезе снимка на која се гледа како нервозниот и разочаран Џуд Белингам само поминува низ тунелот кој го направија играчите на Барса и одби да се поздрави со нив и да им честита.

Од друга страна, неспортски потег имаше и Гави од Барселона и тоа веднаш по последниот судиски свиреж.

Резервистот на Барса прво што направи беше отиде да слави скокајќи му во лице на противничкиот играч Раул Асенсио. Асенсио му замери, Ендрик го смируваше, а Гави дури тогаш истрча да слави со своите тимски колеги и навивачи.

- Оглас -

Најнови вести