Рамон Рамос Лима, младиот 20-годишен фудбалер на Фламенго, предизвика сообраќајна несреќа во која животот го загуби еден велосипедист. Трагедијата се случи на една од улиците во Рио де Жанеиро, кога дефанзивецот на бразилскиот тим со својот автомобил удрил во доставувачот на храна.
Веднаш по несреќата, Рамон повикал Брза помош, но велосипедистот починал во болница. И претседателот на Фламенго, Родолфо Ландим, изрази сочувство до семејството на починатиот.
„Многу сме тажни. Тешко е да зборуваме за тоа затоа што уште не знаеме што точно се случило. Рамон е прекрасно момче, со беспрекорно однесување. Ја има целата наша поддршка во овие моменти“, рече првиот човек на Фламенго.