Неста: Играв против бразилскиот Роналдо, ќе можев да се справам и со Халанд

Алесандро Неста е еден од легендарните дефанзивци кој во дресот на италијанската репрезентација и со екипите на Лацио и Милан ги освои речиси сите највредни трофеи. И ден денеска Неста се вбројува во листата на најдобри дефанзивци на сите времиња, а 46-годишниот Италијанец направи споредба меѓу напаѓачите од негово време и овие што сега играат.

„Би можел да играм против Халанд, па јас играв и против Бразилецот Роналдо. Халанд е многу добар, но Роналдо беше нешто друго. Играв и против Меси и Кристијано Роналдо, но бразилскиот Роналдо за мене е пред сити“, објасни Неста, кој додаде дека ако сега треба да го чува Халанд би бил „запелен до него“, затоа што ако му се остави многу простор дефанзивецот би бил „мртов“.

- Оглас -

Најнови вести