Алесандро Неста кој е актуелен тренер на Монца, а во минатото играше за Милан и Лацио, на гостување во еден подкаст, одговори на прашањето кој е најдобар фудбалер на сите времиња и ги исклучи Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Според поранешниот феноменален дефанзивец, најдобар против кој што играл е Роналдо, но не Кристијано, туку Бразилецот Роналдо Назарио.
„Меси и Кристијано? Не, за мене најдобар на сите времиња е Роналдо. При крајот на кариерата играв и против Меси и Кристијано, но никогаш не сум имал ривал како Феноменот. Финалето на Купот на УЕФА во Париз во 1998 беше најлошото искуство во мојата кариера. Никогаш не се чувствував немоќен како тогаш. Отпрвин се обвинував себеси за поразот од 0-3, се чувствував лошо, а потоа сфатив дека не е моја вина. Роналдо беше едноставно незапирлив. Беше неверојатен, не може да не му се восхитуваш“, рече Неста.