Алесандро Неста кој е легенда на Милан, но и на италијанскиот фудбал е воодушевен како во редовите на Росонерите игра Лука Модриќ. Хрватот кој летово дојде во гигантот од „Сан Сиро“ има 40 години и е само девет години помлад од Неста, кој повеќе од една деценија е пензиониран.
Неста е воодушевен од тоа што го покажува Модриќ на теренот и верува дека Милан има сили да се бори за висок пласман.
„Уживање е да се гледа Модриќ на теренот. Милан немал ваков играч уште од времето на Андреа Пирло. Со Модриќ во тимот, Милан сигурно е посилен. Екипата го загуби Тео, но затоа се засили на неколку други позиции. Мислам дека со уште две-три засилувања, Милан може да биде многу посилен“, вели Неста.
Легендарниот дефанзивец е зачуден како Модриќ може толку многу да трча, а има 40 години.
„На Лука мислев дека не може толку многу да трча. на дуелот против Наполи постојано излегуваше напред, трчаше и се враќаше назад, ги затвораше линиите и потоа се враќаше на позиција. Има интелигенција како ретко кој играч поседува кога се работи за фудбалот. Фудбалот му е во главата, тоа е тоа што го разликува од другите. Додека може да ја држи топката, тој може да игра и до 70 години“, додава Неста за Модриќ.