Нестор џентлменски ѝ се поклони на Старата дама (видео)

Илија Несторовски со феноменален гол со глава израмни на 1-1 против Јувентус. Македонскиот голгетер погоди во воведните минути од второто полувреме и засега му успева мисијата да го одложи крунисувањето на староновиот шампион на Италија.

За потсетување, Јувентус со евентуален триумф во дуелот против Зебрите и математички ќе го обезбеди деветтото Скудето во низа.

- Оглас -

Најнови вести