Нестор-гол на клупата, Стојановски ќе дебитира за Македонија како стартер

Илија Несторовски има право да игра откако ја одлежа суспензијата со жолти картони, но ќе биде на клупата за резерви, а за првпат од почеток на меч за националниот состав ќе игра Влатко Стојановски.

Се враќа и капитенот Горан Пандев, кој отсуствуваше поради температура против Австрија.

Еве ги составите на Македонија и на Израел за мечот што ќе се игра од 20.45 часот:

Македонија: Димитриевски – Ристовски, Муслиу, Велковски, Ристевски – Николов, Барди, Костадинов, Елмас – Пандев – Стојановски.

Израел: Харуш – Даса, Глазер, Битон, Тиби – Натко, Менахем, Себа, Елмкис – Дабур – Захави.

- Оглас -

Најнови вести