Нестор и Трајковски му донесоа бод на Палермо

Илија Несторовски и Александар Трајковски беа стрелци на головите за Палермо на гостувањето кај Ливорно. Средбата заврши 2-2. Македонскиот напаѓачки тандем погоди по еднаш во првото и второто полувреме, за бод кој му носи трето место на тимот, два помалку од вториот Лече.

За Несторовски, кој погоди од пенал, тоа беше 13-ти гол сезонава, а за Трајковски кој влезе во игра во 83-та минута, а шест минути подоцна даде гол, спасувајќи го својот тим од пораз.

- Оглас -

Најнови вести