Илија Несторовски можеби ќе биде стартер во составот на Удинезе на натпреварот со Милан, вечерва од 18 часот, но и ако биде резерва и добие шанса да влезе како замена, фановите веруваат дека тој може да даде гол против миланезите.
Главна причина за оптимизам кај фриулијаните е податокот дека во ноември 2016 година, кога играше за Палермо, Несторовски постигна гол против Милан, во поразот на сицилијанците од 1-2.
„Несторовски бара бис“ е насловот на еден текст во италијанскиот весник Тутоспорт, во кој се потсетува за голот на Македонецот против Милан.
Тренерот Игор Тудор треба да одлучи колку ќе го користи нашиот голгетер, но сигурно го знае податокот дека прилепчанецот ја има тресено мрежата на „росонерите“. Доколку добие шанса и евентуално постигне гол против големиот противник, за Несторовски тоа може да биде и најава за сезона на кариерата.
Вечерва уште еден македонски репрезентативец треба да заигра во Серија А. Тоа е капитенот на националниот тим Горан Пандев, кој со Џенова има тешко гостување кај Рома.
Ова е голот на популарниот Нестор против Милан од пред три сезони: