Нестор со првенец гол и асистенција се одјави од Удине – Чудото од Серија А успеа да се спаси (ВИДЕО)

Илија Несторовски постигна гол и асистираше во победата на Удинезе над Салернитана од 4:0 и тоа на гостински терен.

Македонскиот репрезентативец го одигра последниот меч за тимот од Удине, а на лето ќе си бара нов ангажман. Нестор доби шанса во стартните 11 играчи за Удинезе на теренот, а во 34-та минута го даде вториот гол за својот тим на средбата, односно прв негов во дресот на Удинезе за оваа сезона. П

Првиот гол беше дело на Џерард Делуфеу во 6-та минута, Дестини Удоги зголеми на 3:0 (42′), додека Нестор му асистираше на Роберто Переира во 57-та минута.

И покрај дебаклот пред своите навивачи, Салернитана која што имаше чудесна завршница, успеа да избори опстанок бидејќи Каљари одигра 0:0 на гостувањето кај Венеција. Со тоа, тимот кој што до пред неколку кола беше убедливо на последното место, остана на 31 бод и е на 17-то место, додека Каљари остана под број 18 со 30 бода и со тоа ќе го гледаме во Серија Б следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести