20.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Несторовски: Чекам повик во март, можеме да ја изненадиме Италија

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски, во интервју за турски медиум, рече дека Македонија не е без шанси против Италија во баражот за Мундијалот во Катар.

„Чекам повик од селекторот за мартовскиот бараж. Мотивиран сум да работам напорно и да му помогнам на националниот тим. Тоа ќе биде специјален меч за мене, бидејќи Италија со години е мојот дом. Мислам дека можеме да ја елиминираме Италија, игравме на ЕП, храбар тим сме, ја победивме Германија, мислам дека имаме шанса“ – вели Несторовски кој откри и дека единствен клуб за кој што навива од дете е Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести