Македонскиот репрезентативен напаѓач, Илија Несторовски, изнуди пенал за Удинезе, а пеналот беше реализиран и тимот се спаси од пораз против Монца, па Нестор кој влезе во игра неполни десет минути пред пеналот, е еден од јунаците во тимот на Удинезе попладнево.
За Удинезе ова беше шутнат прв пенал сезонава.
„Во првото полувреме одигравме добро, потоа ја загубивме самодовербата после примените голови, на крај за среќа освоивме бод. Нема лесни мечеви во Серија А. Се чувствувам важен за Удинезе, секој ден на тренинзите давам 100 проценти, им помагам на помладите. Кога влегувам на терен, сакам да бидам спремен да давам придонес. Денеска изнудив пенал кој ни донесе нерешен резултат, и среќен сум“ – изјави Несторовски.