Илија Несторовски летово потпиша за тимот на Славен Белупо и покажа дека е вистинско засилување. Доскорешниот македонски репрезентативец даде гол за победа на неговиот нов клуб, и тоа во 16-финалето на хрватскиот куп.
На гостувањето во Загреб, Несторовски погоди во 55-тата минута и тој гол беше доволен за триумф над Костушија.
Костушија е тимот кој во изминативе две години се стекна со светска слава откако успеа да направи два милионски трансфери. Прво за пет милиони евра го продаде Микаел Фаје во Барселона, а во јануари оваа година уште со еден спектакуларен трансфер заработи 5,3 милиони евра. Го продадоа 17-годишниот Дино Клапија во Лајпциг.