Несторовски го врати во игра Палермо – Гол за победа против Верона (Видео)

Илија Несторовски го држи Палермо во игра за директен пласман во Серија А, а вечерва со 11-тиот гол во сезоната му донесе победа на својот тим во дербито против Верона.

На „Ренцо Барбера“ се играше цврсто, без многу шанси, а една му беше доволна на капитенот за да му осигури триумф на Палермо.

Морео одлично му асистираше на популарниот Нестор-гол, а македонскиот репрезентативец од близина погоди за победа на Палермо и за важни бодови во трката со Бреша и Лече.

Несторовски одигра цел меч, а стартер беше и Александар Трајковски за Палермо, но беше заменет во самиот финиш. Палермо сега има 53 бода, четири помалку од лидерот Бреша и еден од Лече, но второпласираниот тим има меч повеќе.

Двете првопласирани екипи ќе одат директно во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести