При претставувањето како нов играч на Удинезе, Илија Несторовски, кажа дека си поставил задача да постигне двоцифрен број на голови во претстојната сезона во Серија А.
„Бројот 30 на дресот првпат го облеков кога играв во Хрватска. Од таа сезона наваму, еве веќе шест години по ред, секогаш давам повеќе од 10 гола. Се надевам дека таа низа ќе продолжи“ – изјави прилепчанецот.
Како играч на Интер Запрешиќ, Несторовски во втората хрватска лига даваше 20 и 24 гола, а во 2015/2016 кога Интер беше прволигаш, Нестор даде дури 25 гола. Потоа три сезони играше во Палермо. Во Серија А, даде 11 гола, а потоа сицилијанците испаднаа. Во Серија Б, Несторовски погодуваше 13 односно 14 пати.