Македонскиот напаѓач Илија Несторовски на пријателскиот меч помеѓу Удинезе и словенечки Копер беше стартер, а иако не даде гол, задоволен е што коленото добро му издржало и што повторно е на терен.
„Прекрасно е чувството што повторно играм и бев стартер. За мене овој меч беше како финале од Лигата на шампионите, а не пријателски. Последните седум месеци ми беа тешки, но сега повторно играм фудбал и среќен сум што моето колено се држи добро. Сега треба да продолжам да работам напорно на тренинзите“, изјави Несторовски.
По репрезентативната пауза, Удинезе треба да игра со Торино во италијанската Серија А. Во минатата сезона, Несторовски го даде победничкиот гол за фриулијаните на гостувањето против Торино.