Удинезе не успеа и шести пат по ред да победи на домашен терен во Серија А, а вечерва Зебрите од Удине одиграа само 1:1 против Верона, тим што нема ниту една победа како гостин во оваа сезона.
Удинезе беше надмоќен, имаше дури 26 удари, од кои 8 во рамките на голот на гостите, но даде само еден гол и тој беше за израмнување.
Го постигна Лазар Самарџиќ во 21-вата минута, откако во четвртата минута Родриго Бекао си даде автогол.
Шанса да игра за домаќинот не доби македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, кој има мала минутажа во Удинезе.
Неговиот тим остана на седмото место со 29 бода од 20 натпревари, а и Верина ја задржа позицијата 18 со 13 бода и остана меѓу трите најзагрозени екипи во битката за опстанок во Серија А.