Несторовски: Очекувам во следната сезона да дадам барем 10 гола

Македонскиот репрезентативен напаѓач Илија Несторовски изјави дека ужива во играњето за Удинезе и најави дека лична цел за следната сезона во Серија А му е да постигне двоцифрен број голови.

„Немавме среќа по прекинот на сезоната. Несреќно загубивме бодови против Џенова и Наполи. Со тие бодови можевме да имаме 50 бода. Знаеме дека можеме со секого да се носиме и на секој меч одиме на победа. Задоволен сум од мојата сезона. На почетокот ветив дека ќе дадам 10 гола, но не се познававме добро во тимот, а сега се познаваме и повеќе сме воиграни. Се надевам дека ќе продолжиме да напредуваме и следната сезона се надевам дека ќе дадам двоцифрен број голови“, изјавува Несторовски, кој смета дека Удинезе има квалитет и организација и треба да се бори за излез на европската сцена, а не за опстанок.

„Голот против Јувентус? Ако ја видите акцијата, имавме 20 допири со топката, не беше класична контра како што велат. Де Мајо ми рече дека погодокот против Јуве вреди за три, па еве имам пет“, се шегува Нестор.

- Оглас -

Најнови вести