Рома спои три победи по ред во домашното првенство, откако вечерва на „Олимпико“ без поголеми проблеми го победу Удинезе со 3:0. Со овој триумф Римската волчица стигна до 56 бодови и засега е сигурна на третото место во Серија А. Главната мисија на тимот на Жозе Мурињо е да обезбеди место кое води во Лигата на шампиони за следната сезона.
Удинезе добро се бранеше до пред крајот на првото полувреме кога беше досуден пенал за Рома. Кристанте промаши од белата точка, но корекција стигна благодарение на Бове кој погоди за радост на домашните навивачи.
На почетокот на второто полувреме Пелегрини погоди за 2:0 за Рома, а потоа Удинезе ја имаше најдобрата шанса да се врати во игра. Во 69 минута беше досуден пенал за Удинезе, но Переира промаши, па тука заврши неизвесноста околу победникот на овој дуел.
Во 78 минута во игра кај Удинезе влезе Илија Несторовски кој одигра 15-тина минути. Рома до триумф од 3:0 стигна со погодок во судиското надополнување, а стрелец беше Абрахам.
GOAL | Roma 3-0 Udinese | Tammy Abrahampic.twitter.com/YqtAg977pY
— VAR Tático (@vartatico) April 16, 2023