Поранешниот македонски репрезентативец, Илија Несторовски, потпиша нов договор со Славен Белупо и ќе остане во Копривница најмалку до летото 2026 година. 34-годишниот напаѓач минатото лето се врати во Хрватска и првично потпиша договор до крајот на оваа сезона, но сега на половина од сезоната доби нов договор.
„Среќен сум што договоривме нова соработка, бидејќи во Копривница се чувствувам како дома. Во клубот владее семејна атмосфера и кога клупското раководство ми понуди нов договор, не се двоумев ниту момент. Воопшто не погледнав што пишува во договорот, само потпишав и среќен сум што ќе останам во Копривница уште најмалку една сезона. Верувам дека со голови и залагње на терен ќе дадам свој придонес за клубот да се искачи уште некоја позиција погоре на табелата.“ – вели Несторовски.
Прилепчанецот освен за матичната Победа и за скопски Металург, во странство настапуваше и за Словачко, Викторија Жижков, Интер Запрешиќ, Палермо, Удинезе и Асколи. Несторовски оваа сезона за Славен Белупо одигра осум натпревари на кои постигна три гола.