Првиот централен напаѓач на македонската фудбалска репрезентација, Илија Несторовски, на првиот собир на националниот тим изјави дека фудбалерите се свесни за значењето на седбата со Грузија во Тбилиси в четврток во 18 часот, и ветува борба до последен здив за да се оствари тридеценискиот сон, а тоа е Македонија да учествува на сениорско Европско првенство.
„Овој историски натпревар го чекаме 4-5 години. Дојдоа на ред и тие тренинзи на кои ќе ја подготвуваме тактиката за најважниот натпревар во историјата на македонскиот фудбал. Ветуваме дека ќе го дадеме максимумот, и дека ќе се пласираме на тоа Европско првенство. Против Грузија игравме два меча, но тие беа дуели од Лигата на нации, сега е сосема друго, ова е финале за ЕП, нема многу тактики, тука срцето и желбата за победа ќе одлучат. Знаеме кои се нивни добри и лоши страни. Ќе работиме на тренинзи деновиве, добро ќе ги анализираме противниците, и се надеваме на пласман на ЕП. Ние поискусните секогаш сме подготвени да дадеме максимум за националниот тим, не чувстуваме притисок, сме играле големи мечеви во кариерите, гордо ќе ја претставуваме Македонија, и се надеваме на победа“ – вели играчот на Удинезе.