Несторовски под палката на Гатузо?

Управата на Удинезе свика итен состаток со цел да го разрешат Игор Тудор од тренерската функција. Тимот чиишто бои ги брани македонскиот репрезентативец Илија Несторовски вчера на домашен терен претрпе тежок пораз од Рома со 0-4, а само неколку дена претходно прими седум гола од Аталанта, по што хрватскиот стратег се наоѓа на излезна врата.

Калчолигашот смета дека Џенаро Гатузо, екстренерот на Милан, може да одговори на задачата, но меѓу кандидатите е и поранешниот предводник на Џенова, Давиде Балардини. Гатузо претходно беше во конкуренција да ја преземе клупата на Џенова, каде што е капитенот на нашата селекција Горан Пандев, но таа улога му припадна на Тијаго Мота, па сега италијанскиот стратег би можел да му биде тренер на вториот Македонец кој настапува во Серија А.

Под водство на Тудор, Несторовски не добива минутажа колку што посакува, па можеби следниот тренер повеќе ќе верува во неговите голгетерски способности.

Удинезе по 10 кола претрпе шест порази во шампионатот и се наоѓа на долниот дел од табелата, со три бода над опасната зона.

- Оглас -

Најнови вести