20.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Несторовски придонесе за Славен Белупо да игра финале на Хрватскиот куп

Славен Белупо по третпат во својата клупска историја ќе игра финале на Купот на Хрватска и има прилика првпат да го освои пехарот, што би било најголем успех во постоењето на клубот од Копривница.

За Славен игра Илија Несторовски, кој даде гол во пенал-серијата во која Славен со 4-3 го совлада Осиек. Во финалето Славен ќе се сретне со Риека.

Во претходните две финалиња во 2007 и 2016 година, Славен го губеше куп-финалето од Динамо Загреб, сега Динамо го нема, па можеби третиот обид ќе биде среќен за нив.

- Оглас -

Најнови вести