Несторовски: Публиката да биде нашиот 12-ти играч, а ние на теренот треба да сме максимално фокусирани 95 минути

Илија Несторовски е македонскиот фудбалер кој има најголемо искуство со играње во италијанскиот фудбал. Напаѓачот веќе седум години е во Италија и по играњето за Палермо и Удинезе, во новата сезона ќе го носи дресот на второлигашот Асколи. Несторовски очекува голема поддршка од трибините и верува дека Македонија може повторно да го изненади актуелниот европски владетел.

„Очекувам една Италија која што ќе сака да ни се одмазди за тоа што им се случи во бараж мечот во Палермо. Од првиот ден се максимално фокусирани да ни се осветат. Имаат нов селектор, нов принцип на игра, нова формација, но и ние сме посветени и добро се подготвуваме од првиот ден. Секој меч носи притисок, но под притисок се гледаат јунаците. Треба да бидеме максимално подготвени од 1 до 95 минута и да чекаме нивна грешка за евентуално повторно да ги изненадиме. Публиката да биде нашиот 12 играч, да ни дадат поддршка и заедно со нив да направиме еден добар резултат“, вели Несторовски во пресрет на мечот кој ќе се игра в сабота на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести