Илија Несторовски од јули годинава, поточно од победата со 2-1 над Јувентус остварена минатата сезона, чекаше на лигашки погодок, а го постигна во доста важен момент за Удинезе.
Во улога на супер-замена Несторовски ја донесе победата од 3-2 на гостувањето кај Торино, мечот во кој Биковите успеаја да надополнат два гола негатива пред да бидат скротени од македонскиот голгетер.
Несторовски вели дека погодокот е награда за неговиот труд, по што се надева дека ќе му овозможи поголема минутажа во следните натпревари.
„Сатисфакцијата е голема со оглед на тоа како го запишавме триумфот. Имавме удобан предност, а потоа примивме два глупави голови за само две минути, но добро е што ние не се откажавме во тој момент. Јас секогаш го давам максимумот на тренинзите надевајќи се дека ќе добијам шанса како оваа. Мило ми е што го постигнав одлучувачкиот гол и се надевам дека во следните натпревари ќе добијам повеќе минутажа“, посочи Несторовски.