Несторовски со поголеми шанси да биде стартер во „македонското дерби“

Новиот тренер на Удинезе, Лука Готи, има доверба во квлаитетите на Илија Несторовски, и планира да го стави во почетниот состав за денешното гостување кај Џенова. Несторовски сезонава нема постигнато ниту еден гол во Серија А, но кај тренерот Игор Тудор не ни добиваше премногу шанси да покаже што знае.

Според сите најави на италијанските медиуми, во 15 часот на „Луиџи Ферарис“ во Џенова, Несторовски ќе истрча во почетниот состав на Удинезе, кој откако прими 11 гола на претходните две средби, реши да го смени тренерот.

За да има вистинско македонско дерби, ќе треба во игра кај домашниот да влезе и нашиот репрезентативен капитен Горан Пандев кој е член на Џенова. Тој веројатно нема да игра 90 минути, но пред самиот меч ќе се знае дали ќе бде стартер или резерва. Струмичанецот има играно против Несторовски кога прилепчанецот беше во Палермо, а сега првпат ќе се сретнат како играчи на Џенова и Удинезе.

- Оглас -

Најнови вести