Илија Несторовски и Удинезе убаво си поминаа на кратката екскурзија во Рим, од која се враќаат со победа од 2-0 против Рома. Македонскиот репрезентативец ја запечати победата на Зебрите на „Олимпико“ во 78-та минута, нешто повеќе од 15 минути откако влезе во игра.
Погодокот на Несторовски можете да го видите ТУКА.
За Несторовски ова е прв погодок во Калчото по рестартот на сезоната, а воедно Удинезе го оствари и првиот триумф. Претходно Ласања во 12-тата минута ја отвори средбата, а домаќините наидоа на дополнителни проблеми откако Пероти доби директен црвен картон.
Рома дефинитивно се простува од Лигата на шампионите и сега ќе се бори за пласман во Лигата на Европа, додека Удинезе направи голем чекор кон опстанок во елитата, сега е на 14-тото место со 31 бод.