Несторовски тресе мрежи во Хрватска, но Славен Белупо остана без победа во финишот (Видео)

Илија Несторовски го постигна вториот гол во дресот на Славен Белупо, откако се врати во хрватското првенство. После голот против Динамо Загреб, Несторовски погоди и на мечот против Шибеник, но овој гол не беше доволен за победа на неговата екипа.

Нашиот фудбалер биеше прецизно со глава во 30-тата минута кога израмни на 1-1, а Славен Белупо потоа имаше и водство од 2-1. Сепак, после црвениот картон во 75-тата минута, не успеа да ги издржи нападите на Шибеник кои резултираа со гол во 88-мата минута, па мечот заврши 2-2.

Несторовски беше заменет во 77-мата минута, кога тренерот на екипата од Копривница внесе одбранбен фудбалер со цел да ја зачува предноста која имаа ја играч помалку.

- Оглас -

Најнови вести