Несторовски во мајсторски стил со паненка од пенал стигна до 10 гол во националниот дрес

Македонија води со 5:0 на помалку од 10 минути до крајот на мечот против Лихтенштајн. По голот на Барди во првиот дел, во второто полувреме, нашите репрезентативци се разиграа и досега постигнаа четири погодоци во вториот дел.

Трајковски погоди два пати, а потоа прецизен беше и Елиф Елмас. За 5:0 погоди Илија Несторовски и тоа од пенал. За Несторовски ова е 10-ти погодок во националниот дрес, а го постигна на мајсторски начин, со шут Паненка.

 

- Оглас -

Најнови вести