Нестварни сцени во Неапол: Не се слави титула, се дава последна почест за Марадона (Видео)

На малку повеќе од еден час до започнување на мечот меѓу Наполи и Риека, низ улиците на Неапол се случуваат неверојатни сцени. Навивачите на Наполи се излезени низ улиците и со песни и факли ја даваат досега најголемата поддршка.

Не се работи за важноста на денешниот меч, не се работи за освојување на некоја титула на Наполи, туку за давање последна почит кон најпознатиот фудбалер кој некогаш играч за Наполи, Диего Армандо Марадона.

Марадона играше во Наполи и му донесе две титули на клубот од југот на Италија, а засекогаш остана најголем миленик на навивачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести