Неверојатен тениски меч се одигра утрово на стадионот „Филип Шатрије“ во Париз. Во осминафиналето на Ролан Гарос, првата носителка во женска конкуренција Ига Швјонтек ја растури Анастасија Потапова победувајќи ја со 6:0 и 6:0.
Само 40 минути траеше овој историски краток меч во кој Швјонтек не само што не загуби ниту еден гем, туку на противничката и дозволи да освои само 10 поени.
https://twitter.com/i/status/1797203422921290091
Во четвртфиналето Швјонтек ќе игра против Маркета Вондоусова од Чешка, која со 6:4, 6:2 ја понеди Србинката Олга Данилова. На победа се радуваше и Коко Гауф која без проблемми со 6:2, 6:1 ја победи Елизабета Кокиарето од Италија.
Вo машка конкуренција денеска и утре ќе се играат дуелите од осминафиналето.