Нестварен светски рекорд: Усик и Фјури цели 11 минути се гледаа „под око“ (Видео)

Соочувањето меѓу боксерите Олександер Усик и Тајсон Фјури ќе биде в сабота, од 22 часот, а оваа борба веќе се претвори во историска затоа што беше поставен еден необичен рекорд во борачките спортови.

Славните боксери се појавија на конференцијата за медиуми во саудискиот град Ријад, а кога дојде време Фјури и Усик да се соочат, двајцата боксери застанаа еден покрај друг и неверојатни 11 минути гледаа еден кон друг.

Според специјализираната страница за боречки вештини Happy Punch, тоа е рекорд во историјата на сите видови боречки спортови.

Интересно е дека претседателот на ВБЦ, Маурицио Сулајман, се обиде да ги раздвои боксерите и да го прекине соочувањето, но двајцата боксери останаа. Фјури се обиде и да го испровоцира Усик, но Украинецот остана сталожен.

Овој дуел ќе биде реванш откако во февруари годинава Усик на поени го победи Фјури и му го нанесе првиот пораз во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести