Несуден фудбалер на Манчестер сити, сега го чека најважниот меч во кариерата

Британскиот боксер Маркус Морисон утре во Манчестер ќе го има најважниот боксерски меч во неговата кариера. Овој 28-годишен боксер ќе боксува со привремениот ВБА првак во средна категорија, Крис Еубанк Јуниор и ќе има шанса да стигне до голема победа.

Морисон долго време чекаше да добие ваква шанса, а тоа е човекот кој малку фалеше наместо во боксерскиот ринг, да го гледаме на фудбалскиот терен. Како млад, Маркус бил многу талентиран фудбалер и бил член на младинскиот тим на Манчестер сити. Сепак, не успеал и бил избркан од клубот, а образложението било дека немал доволно висина за да биде фудбалер.

„Бев дефанзивец и морав да имам висина и снага. Тогаш ми рекоа дека никогаш нема да биде повисок од 180 сантиметри, а јас сега има 183 сантиметри“, рече Морисон, кој додаде дека во тоа време истовремето тренирал бокс и фудбал. „Од боксерската сала одев директно на тренинг на Сити. секогаш доцнев неколку минути. Истовремено тренирав бокс и одев на фудбалски тренинзи. Откако од Сити добив отказ, решив да останам таму каде што истотака сум добар“, додаде Морисон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by (@marcussweetmnm)

На утрешниот меч, Морисон не е во улога на фаворит, но сепак верува дека може да изненади.

„Немаше да боксувам ако не мислев дека сум најдобар. Можам да дојдам до тронот, опасен сум и можам да го победам Крис. Само будала може да ме потцени. Ако успеам да го победам, тоа сигурно ќе биде едно од најголемите изненадувања“, вели Морисон кој во кариерата има 23 победи и три порази, но е аутсајдер против Еубанк.

 

- Оглас -

Најнови вести