Фиорентина е на чекор до ангажман на крилниот напаѓач на Џенова, Алберт Гудмундсон. Според „Скај Италија“, договорот веќе е постигнат и ќе биде објавен секој момент.
Се очекува Исланѓанецот да премине на „Артемио Франки“ на позајмица за околу 8 милиони евра, а во договорот ќе има задолжителна клаузула за откуп во вредност од 17 милиони евра, која ќе се активира при исполнување на одредени услови. Дополнително, ќе бидат вклучени и 3,5 милиони евра во форма на бонуси, со што вкупната сума на трансферот ќе изнесува околу 28 милиони евра.
Така Гудмундсон, кој требаше ова лето да пристигне во шампионот Интер, на крајот ќе заврши во дресот на Фиорентина.
Овој трансфер ќе предизвика домино ефект бидејќи ќе „откочи“ уште две зделки во Серија А. По трансферот на Гудмундсон во Фиорентина, клубот ќе му дозволи на Николас Гонзалес да замине кон Јувентус. И тука трансферот ќе биде позајмица со опција за откуп за вкупна сума од околу 30 милиони евра.
Во исто време, се очекува Џенова брзо да најде замена за Гудмундсон, со тоа што најверојатно ќе го ангажира Андреа Пинамонти од Сасуоло.