Нетс-Лејкерс во минус, Лилард во плус

Бруклин нетс – Лос Анџелес лејкерс (кошарка, НБА, 02.00 часот)

Ова ќе биде 12-ти меѓусебен дуел на поранешните соиграчи Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг, кои со Кливленд за три сезони играа три големи финалиња. Леброн води со 9-0 против Кајри. Лејкерс е најдобар тим на Западот, а Нетс можеби во следната сезона, кога ќе се врати Кевин Дурант, ќе биде при врвот на Истокот, додека сезонава е просечен и грчевито се бори за влез во плејофот. Бруклин има четири порази по ред и мали му се шансите против Езерџиите.

Предлог тип: <226.5 (1.90)

 

Портланд трејблејзерс – Далас маверикс (кошарка, НБА, 04.30 часот)

Тука се очекува голема поентерска битка на Лилард против Дончиќ. Лилард, кој даде 61 поен пред некој ден против Голден стејт, чувствува дека е во шутерска форма и сигурно може да оди над 30,5 поени. Во петокот, исто така играа овие два тима еден против друг и славеше Далас со 120-112 на меч на кој Дончиќ даде осум тројки, што му е личен рекорд.

Предлог тип: Лилард >30.5 (1.87)

 

Чилиќ – Баутиста Агут (Тенис, Отворено првенство на Австралија, 03.45 часот)

Деветторангираниот на светот, Шпанецот, е голем фаворит на хартија, но Хрватот има сили и знаење да добие барем еден сет. Чилиќ се мачеше во второто коло, играше пет сета, но покажа карактер. Баутиста Агут е во добра форма, нема пораз уште од 19 ноември, кога загуби од Рублев. Лани на ОПА, Баутиста го победи Чилиќ со 3-2 во сетови, а пред тоа сите мечеви ги добивале или Шпанецот или Хрватот, без загубен сет.

Предлог тип: СС (1.55)

 

Шварцман – Лајовиќ (тенис, Отворено првенство на Австралија, 01.00 часот)

И Аргентинецот и Србинот немаат загубено сет, па тешко е да се верува дека овој меч ќе заврши со 3-0 за едниот или другиот. Шварцман е подобро рангиран, но Лајовиќ игра во животна форма и тука ќе има голема борба за секој поен. Пред две години, тие двајца исто така играа еден против друг на Гренд слемот во Мелбурн и тогаш Шварцман победи со 3-2 во сетови.

Предлог тип: >38.5 гемови (1.85)

 

Пелја – Фоњини (тенис, Отворено првенство на Австралија, 05.45 часот)

Италијанецот Фоњини се специјализираше за маратонски мечеви. Во првите две кола играше по пет сета и позаморен е од Аргентинецот Пелја, кој загуби само еден сет. Овие тенисери не играле меѓу себе од 2017 година. Тогаш двајцата победија по еднаш. Сите показатели најавуваат изедначеност, затоа и најреално е да се типува дека ќе има барем 40 гејма.

Предлог тип: >39.5 (1.85)

- Оглас -

Најнови вести